Согласност

(Со штиклирање на квадратчето изјавувам дека се согласувам со наведените Правила и Услови.)

Врз основа на членот 6 од Законот за заштита на лични податоци (Службен весник бр. 7/2005и ), со оваа изјава ја изразувам својата согласност за обработка и чување на моите лични податоци во збирката на лични податоци од страна на ВОЧ ИД ДООЕЛ СКОПЈЕ, со регистрирано седиште на Ул. Орце Николов, бр. 98/1-5, 1000 Скопје („Друштвото“), за следни цели:

  • Маркетинг и промоции во врска со производите или услугите што ги нуди Друштвото.

Согласноста за обработка изразена погоре ги вклучува и следните лични податоци: Име и презиме, датум на раѓање, пол, податоци за местото на живеење, податоци за социјалниот и брачниот статус, телефонски број, компанија како и позиција во компанијата.

Со ова потврдувам дека сум известен/а за моето право на:

  • Пристап и промена на моите лични податоци;
  • Оправдано барање во писмена форма за блокирање на обработката на моите лични податоци поради посебна причина/ситуација;
  • Приговор за обработката на моите лични податоци ако контролорот има намера да изврши обработка во маркетиншки цели;
  • Приговор во случај на пренос на моите лични податоци на некој друг контролор;
  • Како и тоа дека давањето на моите лични податоци е доброволно.

Врз основа на членот 6 од Законот за заштита на лични податоци (Службен весник бр.7/2005; 103/2008; 124/2010 и 135/2011) со ова исто така ја изразувам мојата согласност за добивање комерцијални информации по електронски пат од Друштвото.

Го задржувам правото во секое време повлекувањето на согласноста да го дадам писмено или во било која друга форма. Оваа изјава ја давам доброволно.