Правила и услови за членство во MyTime Клубот за лојалност

1.Вовед

  1. Правилата и условите (во натамошниот текст Правила) за членство во MyTime клубот на ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје, во понатамошниот текст (Клубот) ги вклучуваат условите за користење како и сите други променливи услови, правила, барања и ограничувања кои произлегуваат од членството во Клубот. Правилата, заедно со било кои други променливи услови и правила, поврзани со било кои промотивни понуди кои може да бидат испратени до членовите на Клубот, претставуваат договор помеѓу членот на Клубот и ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје. Со зачленување во Клубот и со неговото континуирано користење, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата кои се наведени во овие Правила. ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ги измени овие Правила или да го укине Клубот. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на MyTime, www.club.mytime.mk.
  2. Со зачленување во Клубот, секој член на Клубот се стекнува со My Time Club картичка, која претставува потврда и доказ за членство во Клубот. За да ги стекнат правата и бенефициите на Клубот, членовите треба да ја презентираат Клуб Картичката при купување на продажните места на MyTime.
  3. Правилата и условите за членство во Клубот се јавно достапни и може да се видат во секој момент на интернет страницата на MyTime клубот: www.club.mytime.mk .

2.Дефиниции

  1.  „Правила и услови“ ги означуваат договорните одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во MyTime клубот и претставуваат договорен однос помеѓу ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје и членот на MyTime клубот.
  2. „MyTime клубот“ е клуб за лојалност на ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје преку кој членовите на Клубот со купување на производи од продажните места и он-лајн продавницата на MyTime се стекнуваат со поени, беџови и вредносни ваучери согласно со правилата и условите за членство во Клубот.
  3. „ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје“ е правно лице кое е основано и работи во согласност со законите на Република Македонија, со седиште на ул. Орце Николов, бр.98/1-5, 1000 Скопје.
  4. Картичката на Клубот е картичка која е поврзана со профилот на корисникот кој е член на Клубот. На профилот на корисникот се евидентираат сите негови купувања на производи во продажните салони на My Time, стекнатите поени при купувањето, доделените и искористените беџови и добиените награди.
  5. „Интернет-портал на клубот за лојалност“ е посебно дизајнирана веб страница www.club.mytime.mk на која може да се најават членовите на Клубот и да добијат информации за извршените купувања, стекнатите поени, беџови и подароци, како и било какви дополнителни информации поврзани со Клубот и MyTime.
  6. „Член на клубот“ значи физичко лице кое ги прифатило правилата и условите за членство во Клубот и дало соодветна согласност за користење на неговите лични податоци на ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје односно MyTime.
  7. „Поен“ значи вредносна единица која се пресметува врз основа на реализираните купувања кои се во согласност со правилата и условите на Клубот.
  8. „Беџ“ е значка за еднократен попуст или подарок со која можат да се стекнат членовите на Клубот по кумулирањето на соодветен број поени, во согласност со правилата и условите за членство во Клубот.

3.Услови за членство

  1. Член во Клубот може да стане секое полнолетно физичко лице.
  2. Името, презимето, e-mail адресата, полот и датумот на раѓање наведени во апликацијата за членство во Клубот мора да бидат точни и валидни. Доколку членот на Клубот направи било какви измени на било кои податоци, освен датумот на раѓање, истото може да го стори на својот он-лајн профил. Доколку членот на Клубот сака да го промени датумот на раѓање, истото може да го стори со поднесување на апликација за промена на податоците, во еден од продажните салони на My Time.
  3. Членството во Клубот е бесплатно, односн My Time не наплаќа никаков паричен надомест за зачленување во Клубот.
  4. Зачленување во Клубот може да се изврши нa еден од следните два начини:
    1. Со пополнување апликација за членство и изјава за согласност за користење на личните податоци во еден од продажните салони на My Time. По пополнување на апликацијата, членот на Клубот добива MyTime клуб картичка со уникатен код кој е поврзан со личниот профил на корисникот.
    2. Со он-лајн регистрација на веб страната на Клубот, www.club.mytime.mk. По пополнување на апликацијата, членот на Клубот добива MyTime клуб картичка со уникатен код кој е поврзан со личниот профил на корисникот, која му се испраќа по пошта.
  5. По зачленување во клубот, како корисничко име се користи e-mail адресата на корисникот, а на истата e-mail адреса му се испраќа уникатна лозинка која ја знае само тој.

4.Стекнување на поени

  1. Со зачленување во Клубот членовите стекнуваат право да добиваат поени при купувањето во продажните салони на MyTime (и на он-лајн продавницата www.mytime.mk).
  2. Членовите на програмата стекнуваат право да добијат 1 поен за секои 10 денари потрошени во продажните места на MyTime  (или на он-лајн продавницата www.mytime.mk) со купување на било кој производ. Поените ќе бидат евидентирани на сметката за членство во Клубот 16 денови од датумот на купување на производот/ите и ќе се сметаат за валидни по истекот на 16 денови од евиденција на купопродажбата.
  3. Купопродажни трансакции што се квалификуваат за стекнување поени се сите купувања, вклучувајќи ги сите производи и услуги кои се продаваат во продажните салони на My Time (и он-лајн продавницата www.mytime.mk) . При тоа, поените од купениот ваучер за подарок припаѓаат на оној кој го купил ваучерот, а не оној кој го добива како подарок.

5.Искористување на поените

  1. Со собирање на поени, членовите на клубот се стекнуваат со право за искористување на процентуален попуст во одреден временски период.

 

Ниво на членство

Сума во денари

Процентуален попуст

Времетраење на попустот

Basic

Од 10.000 ↑

10%

6 месеци

Silver

Од 15.000 ↑

15%

3 месеци

Gold

Од 30.000 ↑

20%

3 месеци

Platinum

Од 60.000 ↑

25%

3 месеци

Diamond

Од 90.000 ↑

30%

3 месеци

 

Периодот на времетраење на беџот за процентуален попуст започнува на денот на акумулацијата на дополнителните поени стекнати со купување. Процентуалниот попуст може да биде искористен при купување на било кој производ (и/или услуга) од продавниците на МyTime (или он-лајн продавницата www.mytime.mk) , единствено во периодот на неговата важност.

  1. Со акумулирање на поени од купените производи и услуги, членовите се стекнуваат со можност за искачување во понапредно ниво на членство односно, доколку корисникот има 1400 поени и освои уште 100 поени, тој преминува од Basic во Silver нивото на членство.
  2. Времетраењето на Basic нивото на членство е 6 месеци од преминувањето на прагот за освојување на тоа ниво, а времетраењето на Silver, Gold, Platinum и Diamond нивоата на членство е 3 месеци од преминувањето на прагот за освојување на тоа ниво.
  3. Доколку корисникот искористи попуст за купување на нов производ или користење на услуга во периодот на времетраење на беџот, односно нивото на членство на кое што моментално се наоѓа, времетраењето на беџот се продолжува за дополнителни 3 односно 6 месеци, во зависност од тоа на кое ниво на членство се наоѓа корисникот.
  4. Доколку корисникот не го искористи беџот за попуст во рок од 3 односно 6 месеци од последното купување, тој го губи правото на попуст или се симнува едно ниво подолу во членството. На пример, доколку корисникот е во Silver нивото и не изврши никакво купување во рок од 3 месеци од последното евидентирано купување, тој ќе се спушти едно ниво подолу, односно во Basic нивото.
  5. Корисникот може да ги искористи добиените поени со цел да купи еднократен процентуален попуст кој се добива во форма на еднократни беџови.

Процентуален попуст

Број на поени потребни за купување на еднократен беџ

10% еднократно

500

15% еднократно

750

20% еднократно

1500

25% еднократно

3000

30% еднократно

4500

 

По искористување на освоените поени за купување на еднократен беџ, истите се одземаат од профилот на корисникот и не може да се искористат за друга намена.

6.Ограничувања

  1. Стекнатите поени и беџови не се преносливи од еден на друг корисник и може да ги користи единствено членот на Клубот кој ги стекнал.
  2. Кај производи кои се веќе намалени, поените може да се искористат за добивање на попуст од основната цена.
  3. ВОЧ ИД го задржува правото да не додели поени или беџ во случаите кога ќе утврди дека се повредени правилата и условите на Клубот или кој било друг применлив пропис во важност, измама или злоупотреба на членството во Клубот.
  4. Исто така, ВОЧ ИД го задржува правото да го одбие секое идно барање за членство во овој или било кој друг клуб за лојалност на ВОЧ ИД на лице за кое било утврдено дека направило измама или на друг начин ги повредило или ги злоупотребило правилата и условите за членство во Клубот.

7.Откажување на членството

  1. Членството во Клубот може да се откаже во било кое време, со поднесување на апликација за откажување членство во Клубот. Со откажување на членството во Клубот за лојалност на My Time картичката за членство ќе биде деактивирана во рок од една работна седмица по поднесувањето на апликацијата за откажување.
  2. Доколку во моментот на откажување на членството во Клубот членот има неискористени поени, истите може да ги искористи пред откажување на членството и деактивирање на My Time Клуб картичката.
  3. Доколку во моментот на откажувањето на членството во Клубот, членот на Клубот нема доволно поени да искористи ниту една од услугите кои ги нуди Клубот, поените ја губат својата важност.

8.Политика за приватност и заштита на личните податоци

  1. Сите информации добиени од членовите на Клубот, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани во согласност со интерните правила на ВОЧ ИД ДООЕЛ за заштита на лични податоци и соодветните закони што се на сила во Република Македонија.
  2. Со прифаќање на условите на Клубот, членовите на Клубот се согласуваат ВОЧ ИД ДООЕЛ да ги користи нивните лични податоци за директен e-mail маркетинг или за да врши проверка или верификација во бази на податоци или кредитни бироа или регистри во согласност со законите на Република Македонија.
  3. Со прифаќање на овие Правила членот на Клубот се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани во согласност со законите на Република Македонија и интерните правила на ВОЧ ИД ДООЕЛ.

9.Детали за комуникација

ВОЧ ИД ДООЕЛ СКОПЈЕ

Адреса, бр.98/1-5, 1000 Скопје

Телефон (Инфо): +389 2 3216 468

Интернет-страница: www.mytime.mk

Интернет портал на Клубот: club.mytime.mk

Адреса на е-пошта: contact@mytime.mk

  1. Ограничување на одговорноста

Како дополнување на Ограничувањата погоре дадени во Правилата, во ниту еден случај ВОЧ ИД ДООЕЛ, ниту лицата вработени во ВОЧ ИД ДООЕЛ, нема да сносат никаква одговорност за било какви директни, индиректни, посебни, инцидентни, последователни или кумулативни штети или било какви други штети што произлегуваат од Клубот или се поврзани со него. Овие исклучоци и ограничувања ќе се применуваат во согласност со важечките законски прописи и ќе бидат во важност и во периодот по откажувањето или прекинувањето на членството во Клубот.

11.Надлежен суд

Во случај на спор надлежен е Основниот суд Скопје 2, Скопје.